Tuesday, January 21, 2025
3.8 C
Skopje

СДСМ : Како ВМРО-ДПМНЕ ја знае содржината на пријавите веднаш по поднесувањето?

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се најде повикана да реагира за поднесување на кривични пријави кои се во сферата на правото и правосудството, велат од СДСМ нареакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешните кривични пријави кои СДСМ ги поднесе против икола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер, како и против градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

sdsm-1

– Скандалозно е тоа што Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ оценува дали поднесените кривични пријави се основани или неосновани.

– СДСМ пријавите ги поднесе во Јавното обвинителство а не во ВМРО-ДПМНЕ. Како тоа ВМРО-ДПМНЕ ја знае содржината на пријавите веднаш по поднесувањето? ВМРО-ДПМНЕ со Јавното обвинителство функционира како еден орган.

Објавувањето на вистината за Македонија покажа дека криминалното владеење на Никола Груевски и неколкумина негови соработници е директно поврзано со спрега на релација власт – судство.

Целата јавност во Македонија се увери како Груевски и Мијалков, со неколкумина соработници местат судски и обвинителски одлуки, избори и разрешување на судии, претседатели на судови.

Денеска, ВМРО-ДПМНЕ сето тоа го потврди со нивното соопштение – велат од СДСМ.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАМП ГИ ПОМИЛУВА 1600-ТЕ НАПАЃАЧИ НА КОНГРЕСОТ

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет...

МИЦКОСКИ ВО ВАШИНГТОН Н СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „МАКЕДОНИЈА 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД,...

ИЛИЕВСКИ : ЗАБЕГАНА Е НАЈАВАТА НА ВЛАСТА ЗА КУПУВАЊЕ НОВ АВИОН

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Скандалозна...

ИЛИЕВСКИ : СКАНДАЛ ВО СОЗР, РОДНИНИ НА ТОМОВСКИ ДЕЛ ОД ТЕНДЕР ВРЕДЕН 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани медиуми, На...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ