СДСМ: Кадиологија се издаде – Цитерал е едниствениот антибиотик за сите пациенти?!

0
321

„Раководството на Кардиологија во обид да го одбрани Никола Тодоров, потврди дека Клиниката во моментов располага само со еден антибиотик!

Дали Цитерал е единствениот антибиотик во таблети со којшто располага Клиниката?

Дали на сите пациенти кои имаат потреба од пиење антибиотик им се дава само Цитерал, независно од нивната потреба?

Според извори од болницата, раководството на Клиниката за кардиологија не само што не ја дематира скандалозната ситуација, бидејки е вистинита, туку самите се издале со фотографиите.

На Клиниката за кардиологија веќе два месеца недостигаат дури 70 проценти од потребните лекови и медицински материјали за пациентите, а во најголем број случаи лековите за висок крвен притисок пациентите ги купуваат сами.

Лекари велат дека им било забрането да побараат од семејствата на згрижените пациенти сами да ги купат потребните антибиотици и лекови, за да не се рашири веста.

Тие стравуваат да не им се случи нешто лошо на пациентите кои се нивна одговорност и велат дека поради контролата на власта врз најголем дел од медиумите, јавноста останува неинформирана.

Пациентите на Кардиологија се приморани да си купуваат сами дури и батерии за холтерите за ритмии!

Од медицискиот персонал додаваат дека на Кардиологија е намален бројот на хигиеничари за 50 проценти, а наместо нив, Клиниката ја чисти фирма еднаш неделно, што не е доволно за потребните хигинески услови за пациентите со оперирано срце.

Никола Тодоров мора веднаш да излезе и да каже дали и зошто Клиниката за Кардиологија е доведена во ваква состојба.

Според информации од лекари во слична состојба се и други клиники во Клиничкиот центар Скопје.

Веќе со години страдаат пациенти од неодговорните тендерски политики на Никола Тодоров и кадрите на Никола Груевски.

Граѓаните ќе ги казнат политиките на ВЛРО-ДПМНЕ и ќе изберат одговорна влада што ќе се грижи за нивното здравје.

СДСМ ќе обезбеди квалитетно јавно здравство и современа здравтсвена заштита за граѓаните“, велат од СДСМ.