СДСМ: И да моли, на Груевски не му помагаат проштални средби

0
385

СДСМ соопшти дека ништо повеќе не го спасува обвинетиот Никола Груевски, ниту потрошените милиони долари и евра за лобирање, ниту неговата проштална посета на САД.

„Пораките на целата меѓународна заедница се јасни. Нема амнестија за криминалци.  Груевски ќе мора да понесе одговорност за криминалите и злоупотребите на граѓаните и на нивните пари. На 11 декември Груевски ќе ја добие и казната од граѓаните“, порача СДСМ.