СДСМ: Злосторничкото здружение на колена посегна по нови 4,3 милиони евра

0
522

Опозициската партија СДСМ денеска го осуди новото задолжување на Владата, додавајќи дека граѓаните протестираат и поради тоа.

„Додека Македонија е на нозе поради злосторничкото здружение кое Иванов го помилува од криминалите што ги правеле изминативе 10 години, Ставрески ги задолжува граѓаните со нови 4,3 милиони евра. Граѓаните се на нозе и поради огромното задолжување што го прави злосторничкото здружение на чело со Груевски“, стои во реакцијата на СДСМ.

Опозицијата бара министерот Ставрески да одговори за која цел му се наменети овие 4,3 милиони евра, имајќи предвид дека не доспеваат долгови за враќање по денешната аукција.

„Свесен за намалениот интерес кај домашните кредитори за запишување на државни хартии од вредност, Ставрески денеска повторно ги зголеми каматните стапки на десетгодишните обврзници од 3,7 проценти на 3,9 проценти. Само за една година, каматните стапки се зголемени за повеќе од 60 процентни поени, во услови кога пред само еден месец Европската централна банка ја намали референтната каматна стапка на историско најниско ниво од нула отсто“, велат од СДСМ и додаваат дека граѓаните ставаат крај на грабежот што за криминалите на злосторничкото здружение Ставрески го прави преку нови задолжувања.