Friday, January 17, 2025
-1.2 C
Skopje

СДСМ : ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ МОРА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ, КАТАСТРОФАТА ВО ЗДРАВСТВОТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ КРИЕ

Состојбите во здравството се влошуваат од ден на ден. Алармантно расте бројот на смртните случаи, 20 бебиња почнаа во изминатите 7 месеци, се влошуваат услугите за граѓаните.

Мора да има одговорност за она што се случува, мора да има одговорност за починатите бебиња.

Јавноста е сведок дека има обиди да се заташка последниот случај со смртта на седуммесечно бебе на Клиниката за детски болести, кое било одбиено за хоспитализација, без да се издаде никакво образложение за причините.

Зошто бебето не било примено? Зошто немало специјалист кога го донеле бебето во болница? Кој е одговорен за ова?

Клучното прашање е кого штити Таравари? Себе си? Неговиот кадар Мемеди? Ова е недозволиво.

Министре за здравство Таравари, се работи за деца, ова се трагични бројки, заедно со директорот на Клиниката за детски болести Мемеди, треба излезете и да си поднесете оставки.

Болниците кубурат со основни медицински материјали, листите за чекање се огромни, а новопоставените директори ги заплашуваат здравствените работници за да не зборуваат јавно за проблемите во здравството.

Катастрофата во здравството не може да се крие. Одговорност мора да има!

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ