Tuesday, July 15, 2025
34.8 C
Skopje

СДСМ – ЗА ЕДНА ГОДИНА ВЛАСТ НА ВМРО-ДПМНЕ: НУЛА РЕЗУЛТАТИ, СТОТИЦИ ПРАЗНИ ЛАГИ, НАРОД ГЛЕДА МИЦКОСКИ

Соопштение за јавност – реакција на обраќањето на Христијан Мицкоски

Неверојатна е леснотијата со која Мицкоски смета дека колку повеќе лаги во минута ќе каже дека толку повеќе ќе му веруваат граѓаните.
Народ гледа, Мицкоски.
Срамота е да се фалиш со, ни помалку ни повеќе – 887 проекти кои никој се уште ги нема видено.
Срамота е за Претседател на влада и лидер на најголемата владејачка партија по цела година на власт, апсолутна локална власт да нема свој проект со кој може да се пофали и се уште да зборува за проекти направени од градоначалниците на СДСМ во минатиот мандат како свои.
Кога Мицкоски зборува за 11 направени градинки треба да е чесен до крај и да каже дека сите 11 се наравени во претходниот мандат на владата на СДСМ и градоначалници на СДСМ, но дури сега се пуштаат во употреба откако цели три години беа оставени намерно затворени, а децата без соодветна грижа бидејќи на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски поважно им беше да ги користат во предизборна кампања.
Срамоа е Мицкоски да зборува за некакви рециклажни центри и депонии кои чинеле 55 милиони евра, а тие ги направиле. Каде се направени? Кој ги видел тие рециклажни центри?
Каде се парите?
Без срам и перде Мицкоски зборува и за студентскиот стандард, а секојдневно гледаме како студентите на социјалните мрежи се жалат дека Владата и министерството за образование и наука доцни со исплатите или воопшто ги нема. Студентскиот оброк е сведен на затворски оброк, а се бараат начини и како што повеќе студенти да го изгубат правото на студентски оброк.
Во програмата ветија 50% зголемување на платите на професорите и наставниците во првата година, а сега го слушаме Мицкоски како ги замајува дека им ги зголемил платите за 12%.
Треба да им каже Мицкоски дека тоа не е никакво зголемување на платите, туку редовно годишно порамнување – да не лаже.
Лани на 9 мај Мицкоски вети дека за една година ќе бидат довршени објектите на Факултетите на УКИМ – по една година, Мицкоски повторно ветува дека сега пак треба да чекаме уште една година.
Нема ништо гордо во лажењето на сопствениот народ.
Македонија за една година е понижена, осиромашена и опустошена, а граѓните излажани.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ И ВРАТИ НА РОЗАЛИЈА: ЗА СДС УЛИШНИТЕ КЛУПИ БЕА МЕСТО ЗА ПАРТИСКА ПРОПАГАНДА

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВА НА РОЗАЛИЈА АНГЕЛКОВСКА ОД СДС Кога...

КРСТОВСКИ: БЛАЖЕВСКИ, СИМБОЛ НА ЗАЕВИЗМОТ, НЕРАБОТЕЊЕ, УНИШТУВАЊЕ, ПРЕДАВСТВА И ЛИЧНО БОГАТЕЊЕ

Прес-конференција на Никола Крстовски, претседател на УМС - Општина...

КОМАНДАНТ ,,БАРУТИ” ОД ДОМАШЕН ПРИТВОР ОДИ ВО ШУТКА

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ