СДСМ: Економските мерки на Груевски донесоа врвен бенефит само за фамилијата

0
594

Соопштение на СДСМ:

Обвинетот Никола Груевски со своите врвни криминални економски политики затвори 10.000 домашни фирми! Секоја трета домашна фирма е со блокирана сметка!

Македонија го допре дното во Европа и во регионот по странски директни инвестиции, по глава на жител!

Јавниот долг во Македонија е на историско ниво од 5.000.000.000 евра, што ќе го враќаат и нашите деца и нашите внуци.

Од економските мерки на обвинетиот Груевски бенефит има единствено тој, кој се распосла на милионски парцели на Водно, отвори за себе и за фамилијата рајски фирми, се вози со чудесни мерцедеси од 600.000 евра, со наочари од 60.000 евра, на сметка на 500.000 граѓани во Македонија кои ги донесе на живот под прагот на сиромаштија.

Затоа, во нашата земја не се намалува невработеноста туку се намалува бројот на луѓе. 626.312 илјади граѓани се иселиле од Македонија по егзистенција во странство!

Поради сето ова Груевски и неговата фамилија не смејат да ја водат повеќе државата. Лагите завршија.

На 11 декември граѓаните на Македонија ќе изберат живот во Македонија!