СДСМ: Европските социјалисти со силна поддршка за демократска Македонија

0
814

Претседателот на СДММ и пратеник, Стефан Богоев заедно со секретарот на СДММ, Трајче Нешковски во Љубљана учествуваат на одбележувањето на 120 години – социјалдемократија во Република Словенија.

Богоев оствари средба со претседателот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), Сергеј Станишев и со потпретседателот на групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент, Кнут Флакенштајн.

Станишев и Флакенштајн даваат силна поддршка за Република Македонија, за сите граѓани и демократската јавност да опстојат на барањата за целосна демократизација на државата.

Богоев се осврна на актуелните политички случувања и процесите за враќање на правдата. Потребно е целосно повлекување на аболицијата. Селективната правда придонесува само за продлабочување на кризата, за која одговорни се Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорѓе Иванов, рече Богоев.

Решенијата понатаму треба да се бараат врз основа на принципите договорени во Пржино што значи враќање на правдата и создавање на потребни минимум услови за фер, слободни и регуларни избори. Станува збор за иднината на Македонија. За враќање на демократијата и слободата отстапки нема, посочи Богоев.

Богоев и Нешковски учествуваа и на Конгресот на Форумот на млади на СДП Словенија.

Сестринските подмладоци од Балканот и регионот даваат голема поддршка за Македонија, и сите граѓани. Македонија мора да се врати на европскиот пат, а тоа е можно само со заминување на оваа власт и одговорност за сторениот криминал.