Thursday, May 15, 2025
17.1 C
Skopje

СДСМ : ДРЖАВАТА ГОРИ, МИЦКОСКИ ДА СЕ НАЦРТА НА ТЕРЕН

Владата на Мицкоски потфрла и покажува голема неспособност да се справи со пожарите кои беснеат, обвинија од опозицискиот СДСМ.
Оттаму велат дека гори на повеќе локации во земјата, изгорена е огромна површина – над 130 километри квадратни и додаваат дека се работи за катастрофа од преголеми размери.

„Горат дури и куќи, домови, шума, зеленило, има и човечка жртва. Состојбата е алармантна и загрижувачка. Она што СДСМ со денови предупредуваше за жал се случува. Не терен се забележува крајно лоша координација на надлежните институции. Граѓаните реагираат за ненавремена и спора реакција“,велат од СДСМ.
Од партијата сметаат дека се повторува истото однесување поради кое изгорела целата планина Серта.

„Особено е лоша координацијата на воздухопловите, се доцни за нивно вклучување со часови. Тошковски покажува неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи. Ваков несоодветен однос на Владата на Мицкоски и нивното лежерно постапување е запрепастувачки неодговорно. Тоа мора да прекине. Бараме итно да се смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управуваее со кризи. Мицкоски да се нацрта на терен, да направи нов кризен штаб кој ќе преземе нешто во соодветно постапување и координациjа на институциите под негова надлежност“,повикаа од СДСМ.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ