СДСМ ДО ВМРО ДПМНЕ: ИЗГРАДИВМЕ 69 ГРАДИНКИ ЗА 4300 ДЕЦА, И ЌЕ ИЗГРАДИМЕ УШТЕ, ВИЕ ПАРИТЕ ГИ ДАВАВТЕ ЗА ЖАЛНИ ВРБИ И СТИРОПОР

0
249

СДСМ изгради и реконструира 69 градинки за пет години, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не можат да пуштат во употреба ниту веќе изградени објекти.

ВМРО-ДПМНЕ со ниту една лага не може да ја прикрие неспособноста на своите градоначалници, кои не работат ништо, освен што ги расфрлаат народните пари, ги партизираат општините и ја манипулираат јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ неодамна излажа дека нивните градоначалници за 100 дена изградиле 33 градинки. Потоа сфатија дека претерале со лагите, па излезе дека тоа се само планирани проекти.

Но вистината е дека за пет години Владата предводена од СДСМ изгради и реконструираше 69 објекти на детски градинки со опфат за околу 4.300 деца, нови објекти или доградба на посточеки капацитети има во секоја скопска општина.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се толку неспособни што не можат да пуштат во употреба веќе изградени градинки од Владата предводена од СДСМ.

Една од нив е и онаа во општина Ѓорче Петров, најмодерната градинка во Волково со капацитет од 175 деца која градоначалникот Александар Стојкоски шест месеци не ја пушта во употреба.

Граѓаните не им дадоа доверба на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за овие да бараат оправдувања, туку да решаваат проблеми.

Наместо да се жалат додека народните пари ги крчмат на партиски вработувања и непродуктивни трошоци, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да почнат да работат за граѓаните кои ги плаќаат.