СДСМ: До вечер да се утврди термин за лидерска средба

0
659

sdsm640nasa

„Никола Груевски не е во позиција да ја диктира динамиката на одржувањето на лидерските средби. Тој е само една од страните во преговарачкиот процес.

Очигледна е намерата на Груевски да го одолговлекува процесот, со што им нанесува штета на граѓаните и на Република Македонија.

Доколку до крајот на денов не биде утврден термин за лидерска средба, СДСМ утре ќе го соопшти ставот за понатамошниот тек на преговорите“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.