СДСМ: Доволно беше, оставка од неспособниот Наќе Чулев за загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните, за непостапување при настан во Струга, за нападот врз новинар и чадната бомба во Скопје

0
442
СДСМ бара оставка од неспособниот Наќе Чулев Отсјај затоа што го загрозува здравјето и безбедноста на граѓаните.
СДСМ бара одговорност од неспособниот и неодговорен технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, да си поднесе оставка затоа што го загрозува здравјето и безбедноста на граѓаните.
Денеска, јавноста беше сведок на масовно прекршување на забраната за групни собири во Струга. Стотици граѓани без заштитна опрема, без соодветна дистанца масовно се движеа низ Струга, а полицијата беше прустуна на настанот и воопшто не реагираше.
Наместо предупредување, укажување и спречување на масовен собир во услови на опасна здравствена пандемија, полицијата иако присутна на настанот, не само што не реагираше, туку немо го следеше прекршувањето на забраната.
Со оваа неодговорност Чулев стана соучесник во загорзувањето на здравјето на граѓаните.
Покрај Струга, неодговорното, несовесно однесување на Наќе Чулев се виде и во Скопје, баш на Денот на македонската полиција.
Спротивно на препораките, злоупотребувајќи го Денот на полицијата, техничкиот министер Наќе Чулев организираше јавен собир, без запавуање на мерките за заштита и го загрози здравјето и на присутните и на полицајците.
Дополнително, на јавно објавени видеа јасно се гледаат соработници на Наќе Чулев кои се обидуваат да попречуваат новинари во вршење на својата работа и при тоа им се закануваат со физичка сила.
На крајот, освен закани, новинарите и медиумските работници, заедно со претставниици на дипломатскиот кор добија и чадна бомба во непосредна близина, со што беше загрозена и нивната безбедност и нивното здравје.
Во само еден ден, јавноста е сведок на неколку настани со големи последици за здравјето и безбедноста на граѓаните поради неодговорниот Чулев.
На овие скандалозни настани треба да се додадат и бројните случаи со злоупотребата на полицијата за партиски цели на Мицкоски и непреземањето ништо за кришење на мерките и препораките од страна на навивачи блиски до ВМРО-ДПМНЕ.
Наќе Чулев освен да го брани Христијан Мицкоски за ништо друго не е способен, затоа мора да си поднесе оставка и да преземе одговорност.
Со ваквото однесување Наќе Чулев потсети на неговите претходници Гордана Јанкуловска и Митко Чавков, кога се злоупотребуваше полицијата, се напаѓаа новинари, кога некои групи граѓани не беа казнувани за тоа што ги кршат законите а се тоа на штета на граѓаните.
За ова одговорност мора да има. Наќе Чулев мора да поднесе оставка.