СДСМ: Денешната одлука на Агенцијата за медиуми е жива брука!

0
505

sdsm640nasa

Мнозинството во Агенцијата за медиуми денеска потврди дека и ова регулаторно тело е партиско тело контролирано од еден центар, канцеларијата на Никола Груевски.

Срамна и недозволива е денешната одлука што ја донесоа членовите под контрола на Груевски, со којашто е отфрлен предлогот да се побара од МРТВ објективно и професионално известување, во услови кога националниот сервис ги крши основните законски обврски за придржување кон начелата на вистинитост, политичка избалансираност, презентирање важни информации од интерес на граѓаните…

Одлуката на Агенцијата за медиуми покажува дека не само институциите во Македонија, туку и регулаторните тела како што е ова тело, ДИК, Државната комисија за спречување на корупцијата, се под окупација на Груевски и тесната група околу него и не можат да работат според должностите утврдени со закон, како контролни механизми на злоупотребите од страна на власта.