СДСМ : ДАНЕЛА АРСОВСКА ИЗМИСЛУВА ЛАЖНИ АФЕРИ И ГИ ОБЈАВУВА НА ИСТАТА ВЕБ СТРАНИЦА ЗА КОЈА ВЕЛИ ДЕКА НЕ РАБОТИ

0
1211

Данела Арсовска продолжува да измислува скандали и афери во обид да ја сокрие сопствената неспособност и неработење.

Згора на се истите лажни афери Арсовска ги објавува на веб страницата на Град Скопје за која вели дека не постои.

Очигледно е дека веб страницата на Град Скопје функционира: https://skopje.gov.mk/. Тоа што проектот се реализира во фази не е кривично дело, напротив.

Арсовска треба да одговори на граѓаните зошто објавила тендер за хостинг и одржување вреден речиси 10.000 евра и дали тоа не е премногу за овој вид услуга?

Договорот е јавно достапен на Биротот за јавни набавки:
https://e-nabavki.gov.mk/File/DownloadContractFile?fileId=00d33fe0-7d50-4428-81c8-c4cb9e47f69a

Едно е јасно, секогаш кога Арсовска ќе биде фатена во лага, таа преку институцијата со која раководи поднесува неосновани кривични пријави и измислува афери.

Градоначалничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ наместо да работи на реализација на мерки и проекти, таа бара оправдувања, се крие зад соопштенија и неосновани кривични пријави.

Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје и ниедна измислена афера тоа не може да го сокрие.