Соопштение на СДСМ:
СДСМ го повикува Никола Тодоров да објасни дали на Клиниката за очни болести се случил скандал од огромни размери и дали и како е тој поврзан со него?
Дали компликациите на пациетите со оперирани очи се поради употреба на несоодветен препрарат за време на операција?
Кој го донел препаратот на Клиниката за очни болести и наложил негова употреба?
Колкумина пациенти се во ризик од компликации и дали и како тие компликации ќе се одразат врз видот на пациентите?
Последната информација од болнички извори е дека бројката на пациенти со компликации после операција се искачил над 25-мина!
Тодоров не смее да молчи бидејки во прашање е здравје на граѓани.
За сите последици врз здравјето на граѓаните ќе одговараат Никола Тодоров и неговите соработници.