Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

СДСМ : Груевски се сокри и за празник го „протна“ својот срамен реизбор

На реизборот на Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ реагираше и најголемата опозициска партија СДСМ. Во нивното соопштение се вели:

sdsm-1

“Никола Груевски виде колку е саатот. Затоа се скри од граѓаните и за празник одлучи да го бутне својот срамен, принуден реизбор во партијата.

Ги призна Груевски доказите од проектот Вистината за Македонија, што го разобличија неговото вистинско, сурово и криминално лице.

Ги призна и катастрофалните политики, што не успеја да ги покрие со честите менувања на законите, коишто направија ршум во сите области.

Го призна и апсурдниот проект Скопје 2014, што однесе над 600.000.000 евра во џебовите на фамилијата.

Одеднаш му станаа важни и заедниците, па дури почна да се убедува и дека тој, узурпаторот Груевски, ја вратил државата на народот?!

Принуден да се гребе Груевски само не може да го види она што го гледаат сите, и неговите сопартијци, па дури и оние од тесната група околу него, дека со него, е готово.

Ќе го запамети Никола Груевски овој првомајски празник, по вистината со којашто 9 години се мајтапи не избирајќи средства, таа вистина што го чека надвор од салата во Куманово”, вели СДСМ.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ