СДСМ: Груевски параноично се обидува да се штити од сите страни, воведен нов неуставен совет за судиите

0
548

sdsm-1

Никола Груевски параноично се обидува да се штити од сите страни.

Еден од последните негови чекори е вчера донесениот закон со којшто е воведен неуставен орган Совет за утврдување на факти и покренување постапка за одговорност на судии.

Според Уставот на Република Македонија, единствено надлежен за избор и разрешување на судиите е Судскиот совет.

Ова тело веќе подолго време функционира во спрега со извршната власт и незаконски.

Сега граѓаните на Република Македонија ќе плаќаат паралелно тело со слични ингеренции како Судскиот совет.

Прашањето е зошто?

Дали за поставување луѓе од поголема доверба на Груевски?

Законот за новиот неуставен орган, Совет за утврдување на факти и покренување постапка за одговорност на судии, без причина беше поставен и изгласан по скратена постапка во Парламентот.

Ова се случува во период кога судовите и судиите ќе бидат пред најголемиот предизвик досега откако ќе биде обелоденето незаконското и криминално владеење на Никола Груевски и неколкумина поединци околу него.

По скратена постапка, без никаква дебата се направени измени и во Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, воведена од оваа власт.

Со честите измени на сопствените закони, власта покажува дека не знае што прави, туку на штета на граѓаните, си игра држава.