СДСМ: Груевски листа агенди на лаги во скапиот дворец, додека родителите лепат учебници

0
743

Никола Груевски и Спиро Ристовски ги оставија учениците да учат од распарталавени учебници. Додека Груевски и соработниците, удобно сместени во скапиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје листаат агенди со која лага е најдобро да излезат во јавноста, родителите со селотејп составуваат страници на учебници од кои цела година треба да учат нивните деца, велат од СДСМ.

„Тоа не е единствената мака на родителите. Над 30 проценти од родителите, според статистиките, земаат плата под 10.000 денари! А треба да одвојат околу 9.000 денари во просек, за еден ученик. Ако имаат две деца кои одат на училиште, 18.000 денари. Ова е образованието на Никола Груевски и Спиро Ристовски кое е “знаење и моќ“. СДСМ ќе го обнови од темел разрушениот образовен систем. Ќе обезбедиме соодветни и достоиствени услови за учење на учениците, за работа на наставниците и професорите и систем што ќе ги поддржи родителите да ги израснат децата во израснат здрави, спокојни и квалитени личности кои ќе бидат вистинска движечка сила за иднината на Македонија“, соопштуваат од СДСМ.