СДСМ : Груевски лажеше и кога почина Мартин Нешковски а и сега повторно лаже!

0
444

sdsm640nasa

Цели два дена му беа потребни на Никола Груевски да смисли некоја нова лага за да излезе пред јавноста. Типично за Груевски, лагите повторно ги соопшти кукавички, преку нарачано интервју за провладин медиум, снимено далеку од главниот град.

Како што Никола Груевски ги лажеше граѓаните, родителите, сите оние млади луѓе кои протестираа против полициската бруталност, по убиството на Мартин Нешковски, така Груевски лаже и денес.

Уште еднаш самиот Груевски покажа дека неговата нечовечност нема граници.

Граѓаните ја дознаа вистината за убиството на Мартин Нешковски.

Јавноста слушна дека лично Никола Груевски знаел кој го извршил убиството, кој, зошто и на каков начин го криел. Никола Груевски знаел дека структури од МВР и неговото обезбедување ја замајувале целата постапка, креирале информации и правеле неточни полициски записници за да не се дознае целосната вистината. Лично Груевски диктирал како да се прикрие вистината за убиството на Нешковски за никој друг да не понесе одговорност и Груевски да си ја спаси сопствената кожа.

Од правдата сега веќе никој не може да избега. Ниту Груевски ниту неговите соработници.

Затоа, исплашен за сопствената кожа, од растечкиот револт и охрабрувањето на граѓаните решително и одважно да се спротивстават на неговото криминално владеење, Груевски нарача брутална употреба на сила врз граѓаните на вчерашниот протест.

Но граѓаните се решени да се изборат за слобода и демократија и тоа не може да се спречи.