Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

СДСМ: Груевски е фатен во скандалозното прислушување и одговорност мора да има

„Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да се помири со фактот дека правдата доаѓа по своето и одговорност за сите злодела врз граѓаните и државата ќе има.

Никола Груевски од позиција на поранешен премиер е фатен во безобразно измислување жолти комбиња, тактички опреми, клонирани станици, странски служби, само за да се обиде да се спаси себе си и неговиот братучед Сашо Мијалков за скандалот со нелегалното прислушување.

Затоа на Груевски и соработниците им засмета СЈО, формирано со потпис од Груевски на Договорот од Пржино и со гласови на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот.

Над 612.000 граѓаните избраа промени, правда, поддршка за СЈО, живот и се изјаснија против режим, криминал и политичари како Никола Груевски кои ставија над 500.000 граѓани под прагот на сиромаштија и ја водат Македонија во меѓународна изолација.

Мнозинската волја на граѓаните на Македонија мора да биде преточена во институциите“, соопштуваат од СДСМ.

ОВАА НЕДЕЛА

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

ВИСАР ГАНИУ ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ АРСОВСКА „НИКОЈ ОД ОПШТИНА ЧАИР НЕ Е ИНВОЛВИРАН“

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го осуди нападот...

СПОРЕД ЦУК ВКУПНО 32 ПОЖАРИ БЕСНЕАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30...

ЛИШЕНО ОД СЛОБОДА ЛИЦЕ КОЕ ПРЕДИЗВИКУВА ПОЖАР ВО СКОПСКО ОГЊАНЦИ

Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ