БРУТАЛНО СООПШТЕНИЕ НА СДСМ : ЌЕ ГО ЗАПАМЕТИ ГРУЕВСКИ ОВОЈ ПРВОМАЈСКИ ПРАЗНИК, ПО ВИСТИНАТА СО КОЈАШТО 9 ГОДИНИ СЕ МАЈТАПИ

0
461

Никола Груевски виде колку е саатот.

sdsmKP-685x320

Затоа се скри од граѓаните и за празник одлучи да го бутне својот срамен, принуден реизбор во партијата.

Ги призна Груевски доказите од проектот Вистината за Македонија, што го разобличија неговото вистинско, сурово и криминално лице.

Ги призна и катастрофалните политики, што не успеја да ги покрие со честите менувања на законите, коишто направија ршум во сите области.

Го призна и апсурдниот проект Скопје 2014, што однесе над 600.000.000 евра во џебовите на фамилијата.

Одеднаш му станаа важни и заедниците, па дури почна да се убедува и дека тој, узурпаторот Груевски, ја вратил државата на народот?!

Принуден да се гребе Груевски само не може да го види она што го гледаат сите, и неговите сопартијци, па дури и оние од тесната група околу него, дека со него, е готово.

Ќе го запамети Никола Груевски овој првомајски празник, по вистината со којашто 9 години се мајтапи не избирајќи средства, таа вистина што го чека надвор од салата во Куманово.