СДСМ: Груевски виде што значи кога народот врие

0
457

На вчерашниот масовен протест десетици илјади граѓани упатија силна порака до криминалната власт на Никола Груевски дека трпението е при крај. Револтот кај граѓаните секојдневно се интензивира, вели СДСМ.

„После дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ на собирот што го организирше ГДОМ, вечерта, на масовниот граѓански протест Никола Груевски виде што значи кога народот врие.Македонија застана против криминалната власт на Никола Груевски и ги поддржа барањата на граѓаните и опозицијата: Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Законот за СЈО. Да прекине прогонот на демонстрантите. Одговороност за криминалците на власт и владеење на правото. Влада којашто ќе создаде услови и ќе спроведе слободни, фер, демократски и кредибилни избори. Јасно е, Македонија нема да дозволи криминалната власт да ја држи во заложништво нејзината иднина. Оттука е денешната панична реакција на уплшениот врв во ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во партиската реакција.