СДСМ : Граѓаните да останат спокојни, режимот заминува

0
3179

Институциите на системот мора да се справат со говорот на омраза и со повиците за линч кон се што е демократско во Македонија.

Синоќа бевме сведоци на фашистички изјави пред ДИК кои покажуваат дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ посакува сценарио за судир меѓу граѓаните, за Груевски да си ја спаси сопствената кожа. Тоа нема да им помине. Граѓаните на Македонија не се ничие топовско место. Нема да подлегнат на провокациите.

Ги повикуваме сите што гласаа за промени, но и на оние кои беа приморани својот глас да го дадат за режимот, да не подлегнуваат на провокации. Граѓаните да останат спокојни зашто режимот заминува, а државата и институциите ќе бидат целосно ослободени.

Му порачуваме на поразениот Никола Груевски веднаш да престане да ја носи Македонија кон граѓански судир. Нема да дозволиме мирот и безбедноста на земјата да бидат ставени во заложништво на Груевски и неговата фамилија затоа што се уплашени од одговорност за злосторствата што ги имаат направено.

Процесот на пребројување и прегласување е важен дел од едни демократски избори поради што ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да врши притисок врз ДИК, а таа институција да остане доследна на законските процедури.

Огромно мнозинство, преку 612.000 граѓани, гласаа за промени и никој не смее да си поигрува со волјата на овие граѓани.