СДСМ ГО ПРЕПОРОДИ КУМАНОВО: НАБАВЕНИ 8 НОВИ КАМИОНИ ЗА СМЕТ!

0
243

🚛 Пуштени се во употреба 8 нови камиони за собирање на смет во ЈП Чистота и зеленило обезбедени преку проектот за Поддршка во воспоставување регионален систем за управување со отпад – Набавка на опрема и возила за собирање на отпад во Источен и Североисточен регион.
➡️ Проектот се реализира со помош на ЕУ и конечната цел е да се затвори депонијата Краста, да се изгради нова претоварна станица за отпад и целата количина на комунален отпад од североисточниот и источниот плански регион да се преработува во фабриката за преработка на отпад во Општина Св.Николе која би требало да започне да се гради следната година 🇪🇺🇲🇰
☑️1 Камион со капацитет од 22м3 смет
☑️2 камиони со капацитет од 16м3 смет
☑️2 камиони со капацитет од 10м3 смет
☑️1 камион со капацитет од 4м3 смет
☑️2 Грајфери
➡ Претходно ЈП Чистота и зеленило набави два нови камиони за собирање на смет и сега веќе има 10 нови камиони со што значително ќе се подобрат условите за работа на претпријатието.
✅ Продолжуваме да ги опремуваме и осовременуваме јавните служби со цел поквалитетна услуга за нашите граѓани.
#ЗаНашеКуманово
#ЗборотЕЗбор

Фејсбук статус на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.