СДСМ: Го повикуваме Груевски малку да се прибере, колку и да е нервозен за она што го чека!

0
441

sdsm640nasa

СДСМ наjостро го осудува бруталниот однос на полицијата кон претседателот на СДСМ Центар, Саша Богдановиќ.

Злоупотребата на полиција што ја плаќаат сите граѓани, за пресметки поради лични хирови на власта е одлика само на земји во диктатура.

Порачуваме дека нервозната власт на Никола Груевски ќе мора да се прибере и да се соочи со сопствената одговорност.

Повикуваме да престанат провокациите со коишто на различни начини Груевски сака да ја спаси сопствената кожа, подгревајќи тензии што се спротивни на интересите на граѓаните на Република Македонија