СДСМ : Во тек се 80 проекти за реконструкција и санирање на 700 километри патишта, после 11 години на ВМРО-ДПМНЕ кога патиштата беа заборавени

0
328

Очајната состојба во ВМРО-ДПМНЕ кулминира со нивните прес-конференции.

Крајно несериозно е партијата која за 11 години мислеше само на провизии, која изгради само 7 километри автопат, а притоа остави тотален хаос, проблеми, нерегуларности и што е најтрагично, бандери на сред пат да зборува за инфраструктура.

Во тек се 80 проекти за реконструкција и санирање на патишта во должина од 700 километри.

Магистралниот пат М-6, од граничниот премин со Република Бугарија кон Стрмица, веќе месец дена се реконструира.

Додека ВМРО-ДПМНЕ земаше провизии и правеше криминални зделки кои завршија со бандери на сред пат, денеска, Владата предводена од СДСМ гради по план ширум земјава.