Wednesday, March 19, 2025
-3.2 C
Skopje

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ПАТНИ ТРОШОЦИ, СДСМ ГО ПОДДРЖА ЗАКОНОТ

СДСМ ја поддржа иницијативата во македонското Собрание преку законски измени да се намалат патните трошоци на пратениците.
Но, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не се откажуваат од патните трошоци. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, власта си го покажа вистинското лице.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија отсекогаш се залагал за рационално и одговорно трошење на парите на граѓаните.
Уште во 2018 година, кога СДСМ беше власт, на иницијатива на нашата пратеничка група беа поднесени и донесени законски измени со кои патните трошоци се намалија за најмалку една третина. Нашиот пристап кон ова прашање отсекогаш бил принципиелен и одговорен а не популистички.
Суштината на работата на секој пратеник е да им служи на граѓаните, и на секој можен начин да води грижа што повеќе пари да бидат насочени кон потребите на граѓаните кои живеат се потешко.
Воедно СДСМ смета дека се потребни дополнителни законски измени кои ќе предвидат:
-Воведување механизам за поголеми казните за можни злоупотреби на патните трошоци.
-Воведување на ограничување со кое пратеници кои имаат станови во Скопје нема да имаат основа за наплата на патни трошоци.
СДСМ ќе продолжи да се залага за политики кои го штитат јавниот интерес и одговорно трошење на парите на граѓаните.

ОВАА НЕДЕЛА

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ВО ПИРОГОВ, СОСЕДНА БУГАРИЈА ПОЧНАЛЕ САМОСТОЈНО ДА ДИШАТ

Четворица министри од Бугарија и од Северна Македонија ја...

ВО БУГАРИЈА КРВ ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОЖЕ ДА СЕ ДАРУВА И ВО ВОЕНО-МЕДИЦИНСКАТА АКАДЕМИЈА (ВМА)

Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија се приклучи на крводарителската...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ