Sunday, March 23, 2025
9.8 C
Skopje

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ добро нека го чува својот страв

Активниот влез на пратениците на СДСМ и опозицијата во Собранието со конкретни законски решенија, темелно работени изминатиот период заедно со граѓаните и сериозно подготвени во интерес на граѓаните, предизвика конфузија кај ВМРО-ДПМНЕ. Научени да штанцаат лоши закони на штета на граѓаните, без дискусија, без стручна анализа и демократска дебата сега ВМРО-ДПМНЕ не знае како да се соочи со сопствените грешки и штетата што ја предизвика.Затоа ВМРО-ДПМНЕ покажува огромна нервоза и паника, се вели во реакцијата на СДСМ, по денешниот прес на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. 

sdsm-1_0

Од СДСМ велат дека пратениците од власта се збунети од фактот што граѓаните препознаваат дека овие решенија на СДСМ и опозицијата се вистински одговор на погрешните политики во изминатите 9 години.

„Граѓаните сакаат зголемување на минималната плата, бараат укинување на екстерното оценување и обезбедување контрола на трошењето на парите. Со денешните предлог законски решенија на СДСМ токму тоа се обезбедува. ВМРО-ДПМНЕ добро нека го чува својот страв. Денешните серија на Закони предложени од опозицијата се само почеток. Допрва ќе видат што се вистински закони, што се вистински решенија за наталожените проблеми на граѓаните коишто ги предизвика токму ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението од СДСМ.

 

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ АКТЕР, ФИЛИП БУКОВ ДОНИРАШЕ КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ

Познатиот бугарски актер Филип Буков демонстрираше исклучителна хуманост со...

МИРЕН СОБИР ВО ШТИП: ,,ВИЕ ГО ЗАПАЛИВТЕ ПЛАМЕНОТ, СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ОГАН”

На мирен собир во Штип вечерва граѓаните им оддаваат...

НИКОЛОСКИ: ОДЗЕДОВМЕ 427 ЛИЦЕНЦИ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информираше дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ