Инструираната Влада од Никола Груевски наместо да промовира промашени проекти, нека да објасни зошто се уште доцни исплатата на поврат на ДДВ кон домашните фирми?, се вели во реакцијата на СДСМ.
„Со механизмите на притисок преку високи казни и доцнењето на повратот на финансиски средства кон домашните фирми што по закон им следуваат, оваа власт единствено работи на затворање на фирмите. Резултатот на катастрофалните економски политики се 10.000 затворени домашни фирми – што значи 10.000 загрозени егзистенции на семејства.Секоја трета фирма работи со блокирана сметка.
Поради лошите услови за работа и живеење во Македонија дури 626.312 граѓани досега ја напуштиле државата.
Ова се реалните резултати на криминално корупциската власт на Груевски во заминување.
Додека рајските бизниси на фамилијата цветаат со милионски тендери и провизии, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ 10 години ги понижуваа домашните фирми со бедни 120 денари државна помош, годишно!
Завршува времето на лагите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Новата одговорна власт што ќе добие чест да ја води СДСМ ќе ја зголеми државната помош за домашните претпријатија до 50 милиони евра. Ова е само една од мерките предвидени во Програмата на СДСМ, со којашто вистински ќе им се помогне на претпријатијата и граѓаните во земјава, со што ќе се крене животниот стандард и ќе се обезбеди вистински развој на економијата.“, вели СДСМ.