СДСМ: Богов знае, тој е следен

0
1302

оопштение на СДСМ:

Министерот за финансии Кирил Миноски замолча по јавното признание на гувернерот Димитар Богов дека јавниот долг во моментов изнесува над 50% од БДП%.

Миноски манипулираше дека е намален јавниот долг.

Информацијата дека со еврообврзницата од 450 милиони евра власта ја задолжи државата со историски највисок јавен долг, на граѓаните им ја соопшти СДСМ.

Богов немаше каде, мораше да признае.

Тој веќе се вовлече заедно со Миноски во незаконското издавање на еврообврзницата со неговото присуство на конференциската врска на којашто се договараше незаконската еврообрзница и сфаќа.

Има информации за негова вмешаност во тендерот со барокната зграда на НБРМ.

Вмешан е и во сомнителната продажба на Алфа банка.

Додека неговиот колега Миноски ги лаже граѓаните за висината на домашното задолжување кое не е 0 туку над 72 милијарди денари, а воедно ја истурка и нарачката на Груевски за незаконската еврообврзница.

Против Миноски веќе е поднесена кривична пријава. Богов е знае тој е следен.