СДСМ: Богов да не молчи за сопствениците на оф шор фирмите основани во Белизе

0
474

СДСМ, преку соопштение, и денеска побара одговор од гуверенрот на Народната банка, Димитар Богов дали му се познати имињата на сопствениците на оф шор фирми коишто поседуваат имот во земјава?

Го пренесуваме во целост соопштението:

„Гувернерот Богов се уште молчи за тоа дали му се познати имињата на сопствениците на оф шор фирми коишто поседуваат имот во земјава.

Тој самиот потврди дека знае кој е сопственик на АД Бетон Скопје.

Денеска му приложуваме извод од акционерската книга на АД Бетон Скопје со имињата на најголемите акционери.

Од трите правни лица, сопственици на над 60% од акциите на компанијата, едното е регистрирано на Панама, а другото на Британските девствени острови.

Јасно е дека Богов не ја кажуваше вистината при избувнувањето на таканаречената афера Панама Пејпрс.

Богов да каже дали ја има известено Комисијата за хартии од вредност за можна евентуална капитална поврзаност на трите најголеми акционери во АД Бетон Скопје?

Дали освен сопствениците на оф шор фирмите основани во Панама и Британските девствени острови, го знае и сопственикот на Ексико и останатите оф шор компании од Белизе кои поседуваат имот вреден стотици милиони евра во Македонија?

Богов е должен да ги даде овие одговори пред граѓаните и јавноста“.

mkd-277020