СДСМ БИТОЛА : ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПАЗАРИ Е ВО ЗАГУБА ОД 3.149. 562 ДЕНАРИ

0
421

Од доаѓањето на власт во Битола, коалицијата предводена од ДПМНЕ на чело со градоначалникот Тони Коњановски, успеа ова јавно претпријатие, кое беше пример за многу други во државата, да го претворат во загубар.До пред една година, Пазари важеше за јавно претпријатие кое е пред времето – прво инсталира фотоволтаици за да штеди струја, заедно со градоначалничката Петровска го реновира просторот и управната зграда, а сега книжи над 3 милиони денари загуба. Ако не беа субвенциите од општината и градоначалникот Коњановски, Пазари не ќе можеа да поделат плата на вработените.

Тоа е успехот на директорите од ДПМНЕ и коалицијата, тоа е заслуга на градоначалникот Тони Коњановски! Од материјалите доставени до советниците, не е тешко да се разбери зошто Пазари е на работ на пропаст. Во Пазари лани се потрошиле над 160.000 денари за канцелариски материјали, за агенциски вработувања над 2,5 милиони денари, за останати надоместоци на вработени над 200.000 денари, трошоците за управниот одбор на Пазари се фантастични 540.000 денари, а претпријатието и покрај тоа што е во загуба од над 3 милиони денари, потрошило над 300.000 денари за спонзорства.

Ова е класичен пример за безмилосно трошење на парите на битолчани за партиски цели и за лични удобности. Дали директор се вика Никола Гацовски или директорка е Соња Карапашовска, за Пазари и за Битола нема разлика. Матрицата на ДПМНЕ и коалицијата е непроменета од времето на Двојче и компанија – да се разграби колку што се можи повеќе, да се натрупаат долгови во јавните претпријатија и да се закочи било каков развој на Битола. Прашање на време е кога Пазари ќе прогласи стечај, кога ќе поскапи тезгарината, кога вработените ќе останат без плата, а Битола без зелен пазар.