СДСМ : А која Јанкуловска денеска зборуваше, таа од снимките која признава дека самите се забегани и треба да не сотрат или некоја друга Јанкуловска?!

0
389

Писмена реакција на СДСМ на изјавата на Гордана Јанкулоска

sdsm640nasa

Која Гордана Јанкулоска денеска зборуваше:

-Јанкулоска која смета дека состојбата во државата е “идиотска“, а Груевски е “забеган“ бидејќи троши милиони евра за споменици и укоричува книги со злато, додека полицајците се покриваат со ќебиња од ЈНА и се радуваат на плочки во тоалети?

– Или Јанкулоска која е принудена да гледа “историски пресврт“ за време на Владата на Никола Груевски?

– Или можеби Јанкулоска за која “идиотската“ состојба во државата е “историски пресврт“?

Која од овие Гордани најавува правна разрешница?

Таа која мести кај обвинителот Зврлевски отфрлување кривична пријава за својот соработник Ставрески?

Таа која унапредува послушни судии?

Таа под чија палка полицијата “шутира“ граѓани?

Или таа која брка неистомисленици од работа, до желба, да се “сотрат“?

Гордана Јанкулоска како и нејзиниот близок соработник Зоран Ставрески со кого зад камерите се согласуваат дека состојбата во Македонија е “трагедија“, пред камерите имаше историска можност да се извини на граѓаните и да си даде оставка.

И тоа би бил вистински “историски пресврт“ за којшто денеска зборуваше со половина уста. Таа можност и е сеуште отворена.