Tuesday, April 29, 2025
6.8 C
Skopje

СДСМ: Антидржавните политики на Никола Груевски ја задушија слободата на говорот и слободата на медиумите

„Најновиот извештај на релевантната Фридом хаус  и официјално потврдува дека медиумите во Македонија не се слободни.

Извештајот наведува дека тоа е поради масовното прислушување на новинарите, корумпираните врски помеѓу високи функционери и сопственици на медиуми, како и зголемување на закани и напади врз медиумските работници.

Ова е резултат на криминалното владеење на Никола Груевски и медиумскиот мрак, платен со пари на граѓаните.

Антидржавните политики на Никола Груевски ја задушија слободата на говорот и слободата на медиумите. Парите на граѓаните Груевски најдрско ги злоупотреби за притисок врз медиумите и воспоставување контрола.

Токму затоа, на Македонија и е потребно враќање на слободата, демократијата, владеењето на правото и европските вредности.

По демократските промени, во слободна Македонија предводена од СДСМ, слободата на медиумите ќе биде загарантирана.

Правото медиумите слободно да работат и да известуваат во интерес на јавноста, ослободени од било каков притисок ќе биде обезбедено.

Недомаќинското и расипничко трошење на парите на граѓаните ќе заврши.

Македонија ќе има отворена, транспарентна и одговорна власт која ќе им служи на сите граѓани“, соопштуваат од СДСМ.

ОВАА НЕДЕЛА

ДРАМСКИ ТЕАТАР НЕ ЈА ДОДЕЛИ НАГРАДАТА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“, ЌЕ СЕ ОБЈАВИ НОВ КОНКУРС

Драмски театар Скопје не ја додели наградата „Горан Стефановски“...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ