СДСМ АЕРОДРОМ : МУЦУНСКИ ГИ НАМАЛИ СРЕДСТВАТА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ И ПРОДОЛЖИ ДА СЕ ФАЛИ СО ПРОЕКТИ ОД ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ

0
367
Тимчо Муцунски се пофали со издвоени 1 милион денари за ЈП Лајка со цел ефикасно решавање на проблемот со бездомните животни во Аеродром.
Доколку Муцунски не знае, бидејќи можеби не бил жител на општина Аеродром, ЈП ,,Лајка” е проект на градската администрација предводена од Петре Шилегов, во кој се вклучија и сите општини кои припаѓаат на Град Скопје. За потсетување, по преземањето на градската власт од страна на Данела Арсовска ЈП Лајка ја пратеа неколку скандали во менаџирањето.
Општина Аеродром на седница одржана во јануари 2021 година донесе одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка со Град Скопје за заловување на кучиња на подрачјето на Општина Аеродром и за таа намена издвои 2 милиони денари.
Исто така, градоначалникот Златко Марин оствари неколку средби со граѓански активисти и беше потпишан меморандум за соработка каде граѓански активисти се вклучија на волонтерска основа во координирани акции за собирање на бездомните животни на територијата на општина Аеродром.
Затоа, Муцунски кога пробува да се пофали со било каков проект, редно е да каже дека сѐ се тоа проекти и заложби од претходната општинска власт предводена од СДСМ и градоначалникот Златко Марин.