СДСМ: Агенцијата „Фич“ го намали кредитниот рејтинг поради задолжувањата и корупцијата

0
1042

Намалувањето на кредитниот рејтинг од страна на агенцијата „Фич“ е поради темпото на задолжување во изминатите осум години и поради огромните корупциски скандали, реагираат од СДСМ.

Од опозициската партија велат дека, Македонија веќе нема простор за нови задолжувања.

– Колку за споредба, кредитната агенција „Стандард & Пурс“ веќе двапати во изминатите осум години го намали кредитниот рејтинг на Македонија, во услови кога не ни беше почната политичката криза во Македонија – се додава во соопштението на СДСМ.

Од таму велат дека, 55 милиони евра за поплавените можат да се обезбедат без задолжувања.