СДК: ПОНИШТЕНО НЕЗАКОНСКОТО РАЗРЕШУВАЊЕ НА ВЕСНА ДАМЕВА, СО ПРЕСУДА ОД УПРАВНИОТ СУД ТАА СЕ ВРАЌА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО ВО СУДСКИОТ СОВЕТ

0
544

Управниот суд во состав на судијките: Ељмедине Асани, Виолета Богојеска и Имсале Хасани, ја поништи одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседател на Судскиот совет, како незаконска, потврди за САКАМАДАКАЖАМ.МК претседателот на судот Бурим Сејдини.

Тогашниот потпретседател на Судскиот совет Селим Адеми на седница на 26 април поднесе барање за разрешување на претседателката Дамева, поради нарушени човечки односи во Судскиот совет.

Адеми со седум гласа ја разреши Дамева, узурпирајќи го нејзиното место и функција.

Сите домашни и меѓународни фактори кои ја следат работата на Судскиот совет алармираа дека Адеми ја разреши Дамева вон законот, со пуч и без процедура, по што таа поднесе тужба до Управниот суд и кривична пријава до Скопското обвинителство.

По овој скандал, двајца судии си поднесоа оставка на функциите членови на Судскиот совет.