Monday, January 20, 2025
-1.2 C
Skopje

СВР ВЕЛЕС : ТРИТЕ ПОЧИНАТИ ЛИЦА ВО ЦРВЕНИ БРЕГОВИ НА ВОЗРАСТ ОД 71 И 66 ГОДИНИ И ЕДЕН МАЛОЛЕТНИК

Трите починати лица што беа пронајдени во неготинското село Црвени Брегови биле на возраст од 71 и 66 години и еден малолетник, а нивните тела се предадени за обдукција, потврдија вечерва за МИА од СВР Велес.

– Првичната информација е дека во 16.35 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во објект во село Црвени Брегови, неготинско, биле пронајдени три починати лица- Ј.Ј.(71) од Битола, Ф.Е.(66) од Ресен и малолетник од село Црвени Брегови. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција, појасни портпаролката на СВР Велес Биљана Ѓаковска за МИА.

По спроведена сеопфатна истражна постапка надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд – Скопје до

Претходно случајот го потврдија од Јавното обвинителство од каде наведоа дека при првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години.

– При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле, изјавија од Обвинителството за МИА

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ : ОД АЕРОДРОМОТ ВО ВАШИНГТОН ДИРЕКТНО НА СОСТАНОК

Директно од аеродром на состанок…, во Вашингтон имав исклучително...

ТРАМП ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНИОТ ДЕН ЌЕ ИЗДАДЕ НАРЕДБА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА TIKTOK

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави денеска дека планира...

МВР : СУЗБИЕНА ОРГАНИЗИРАНА КРИМИНАЛНА ГРУПА ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во...

ПРОНАЈДЕНИ МАЧЕНИ И УБИЕНИ ЦИВИЛИ, ЗАХАРОВА РЕЧЕ ДЕКА ОДГОВОРНИТЕ ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ

Безмилосните злосторства на Киев врз цивилите и молкот на...

НОВИНАРСТВОТО ВО КРИЗА: ПРОФЕСИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ И НИСКИ ПЛАТИ, ДАЛИ РСМ ОСТАНУВА БЕЗ МЛАДИ НОВИНАРИ?

Според истражувањето на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ