Friday, April 25, 2025
11.8 C
Skopje

СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ГО ИЗБРА МИНИСТЕРОТ ТИМЧО МУЦУНСКИ ЗА МЛАД ГЛОБАЛЕН ЛИДЕР ЗА 2025 ГОДИНА

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е избран за Млад глобален лидер (Young Global Leader – YGL) на Светскиот економски форум (World Economic Forum – WEF) за 2025 година.

Ова престижно признание се доделува на исклучителни личности под 40 години кои демонстрирале извонредни лидерски способности и силна посветеност кон подобрување на состојбите во светот, соопшти Министерот за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНД).

Форумот на млади глобални лидери претставува заедница посветена на обликување одговорни лидери кои активно придонесуваат за подобрување на глобалните околности. Секоја година, Светскиот економски форум, преку селекциски процес кој вклучува одлука на специјализирана комисија и консултации со бројни експерти, избира група од приближно 100 лидери под 40 години од целиот свет (од кои 10 се од Европа) кои го добиваат ова признание.

Самиот процес на избор вклучува строга селекција што ги зема предвид личните и професионалните достигнувања на кандидатите, како и нивната етичка посветеност и интегритет во работењето.
– Изборот на министерот Муцунски во оваа престижна заедница претставува признание за неговите напори и постигнувања во областа на дипломатијата и меѓународните односи. Како министер за надворешни работи и надворешна трговија, тој игра значајна улога во промоцијата на европските вредности, регионалната соработка, човековите права и доброто владеење – наведуваат од МНРНД. Муцунски на Фејсбук истакна дека му претставува голема чест.

– Ми претставува особена чест што сум избран за еден од Младите глобални лидери за 2025 година од страна на Светскиот економски форум. Да се биде препознаен како дел од успешна група лидери под 40 години – кои доаѓаат од политиката, економијата, академската заедница и граѓанското општество од целиот свет – претставува исклучителна привилегија, но и голема одговорност.

Во време на глобални предизвици и динамични трансформации, лидерството мора да се темели на визија, интегритет, емпатија и посветеност кон долгорочни и одржливи решенија. Особено се радувам што ќе станам дел од оваа извонредна заедница на креатори на промени – заедно да учиме и да создаваме, со цел да изградиме поправеден и поотпорен свет – истакна министерот Муцунски во својата видео-објава на социјалните мрежи.

ОВАА НЕДЕЛА

СЕ УШТЕ СЕ ЧЕКА ДА СЕ РАСКИНАТ КОНЦЕСИИТЕ ЗА МАЛИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ВО МАВРОВО И ШАР ПЛАНИНА

Министерството за животна средина и просторно планирање во моментов...

ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА NETFLIX: ГО СПАСУВАМЕ ХОЛИВУД, КИНАТА СЕ МИНАТО

Тед Сарандос тврди дека стриминг сервисите не ја уништуваат...

МУЦУНСКИ: БУГАРИЈА СЕ УШТЕ НЕ ОДГОВОРИЛА НА БАРАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕДБА

угарија се уште не одговорила на барањето на Македонија...

ЗАХАРОВА: УКРАИНСКИТЕ СЛУЖБИ СЕ ВМЕШАНИ СО УБИСТВОТО НА РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ МОСКАЛИК

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ