Сведоштво на Сибел Амет која беше уапсена на протестите: Желба за правда зад зелената челична врата!

0
1347

Седам боса во соба со зелена челична врата, два кревети, големо светло до вратата, и камера над креветот. Немам ориентација за време, последниот пат кога прашав пред да влезам во собата ми рекоа дека е 4 часот. Зошто сум тука? Излегов да протестирам против аболиција на криминалци кои најверојатно нема ден да поминат ден во собава, излегов да го искажам својот револт и еве ме -раскажува за Фактор студентката по право Сибел Амет која беше уапсена во минатонеделните протести.

“На целиот неред што се случуваше на Рекорд кога ЕБР почна да трча, мене ми текнува во успорена снимка. Ете, го гледам Горјан и еден припадник од ЕБР како желно го гледа со пендеркот на готовс да го удри, се затрчувам да го бутнам Горјан од таму за да избегаме и не стигам на време. Закаснив и веќе го зграпчија и сакаа да го турнат на земја, почнав да викам да го пуштат и да не го тепаат и се најдов на земја со колено во кичма и лисици на рацете. Горјан до мене крвари, а јас сум на колена, пред О.К. Центар на ВМРО-ДПМНЕ. После сите процедури, кога излегов пред Беко да испушам цигара, ги видов моите другари и другарки, мајка ми, татко ми, како чекаат загрижени. Седеа се’ до нашето заминување по полициските станици каде што требаше да останеме во текот на вечерта, а утредента маршираа по улиците”-вели Сибел.

Најсмешно е, вели, што низ глава постојано и пролетувала мислата, што ќе биде со нејзината кариера како правник со досие, во земја во која вели одамна не владее правото. Чувството на неизвесност за својата иднина очекува да го почувствуваат оние кои како што вели со години го вандализираат општеството и законите, во кое младината нема почувствувано спокоен живот.

“Во таа соба со зелена челична врата во ПС“Пролече”, кога не спиев, мислев на што ќе се случи понатаму, мислев на другите притворени и како им е сега, мислев на моите другари и на мојата фамилија, мислев на луѓето лани што ги уапсија на 5ти мај и се помирував со помислата на притвор. Се прашував што ќе биде со мојата кариера како правник со досие за да се изнасмеам сама на себе како се секирам дали ќе бидам правник во држава во која што одамна не владее правото. Се прашував дали ова чувство на неизвесност за твојата иднина некогаш ќе го осетат оние чии криминали беа без пардон помилувани, оние кои 20 години наназад вандализираат и создадоа едно општество во кое младината нема почувствувано спокоен живот.

Целото сведоштво на Сибел Амет  прочитајте го ОВДЕ