Сведок: Можност за свикување на Собранието има, само треба да „му текне“ на Трајко Вељаноски

0
500

Трајко Вељаноски не се сетил на уставната можност за свикување на седница на Собранието поради „вонредни околности“. А, такви, можат да се случат деновиве и да му дадат повод веднаш да ги повика назад пратениците, пишува порталот „Сведок“.

„Еве, и ако би се извело тоа: партијата на Али Ахмети, ДУИ, која не е на чисто дали сака избори на 5-ти јуни, треба да го повлече нивниот член од ДИК, кој заедно со „експертите“ и членовите на СДСМ во пакет, треба да дадат оставки и на тој начин ќе се блокира целиот изборен процес, и ќе се создаде „вонредна“ ситуација бидејќи членовите на ДИК се избираат во Парламентот со 2/3 мнозинство.

Во ваква ситуација, со оставки на мнозинството членови на ДИК дефинитивно ќе нема избори, бидејќи нема тело што е надлежно за водење на изборниот процес, а во исто време, тоа е уставна можност за свикување на седница на Парламентот на која ќе се поништи одлуката за избори, со консензус би се избрале (повторно истите или нови членови во ДИК сеедно), би се донеле измени на законот за заштитени сведици, и едноставно би функционирала техничка Влада до нов датум за избори, кој може и да не биде утврден во истиот момент, туку само избришан од Изборниот закон.

На ваков начин, со само два потези ќе се создадат услови за враќање на пратениците на работа, деблокада на процесот и истакнување на „улогата“ на Али Ахмети кој во последниов период се промовира како „медијатор“. Но, додека ДУИ разговара со сите, нивниот член во ДИК е во длабока коалиција со ВМРО ДПМНЕ. Ако се прекине оваа двојна игра од интегративците, ќе нема недоумици и кај парламентарниот спикер Трајко Вељаноски како да најде начин да ги врати пратениците на работа, а да не го прекрши Уставот!

А, за Иванов кој уште го чека мислењето на своите „правни експерти“ е лесно, како ја потпишал, така, правно само ќе ја поништи одлуката и истата нема да произведува правно дејство, пишува Сведок.