Сведок: Ало, Илиевски, Биковски, Зврлевски, зошто ги криете доказите за „Пуч“?

0
272

Основниот суд Скопје 1 пред кого се води главната расправа по предметот познат како „Пуч“ против обвинетите Зоран Заев, Зоран и Соња Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски и Бранко Палифров, уште еднаш покажа дека повеќе е роден за парада, отколку за водење на правилна и законита судска постапка.

Судијката Љубинка Башеска, која цело време се закануваше дека ќе го приведе Зоран Заев ако не се појави на судењето, сега се чини дека прави се, тој воопшто да не седне на обвинителна клупа. Како поинаку да се протолкуваат сите решенија или љубовни писанија на релација суд-специјално јавно обвинителство, во кои се одбива барањето на СЈО за добивање на копии од доказите бидејќи истите биле класифицирани како државна тајна.

Прво, ова ќе биде веројатно првиот предмет, во кој јавен обвинител, специјален или неспецијален сеедно, во работа има предмет, по кој во тек е главна расправа, а за кој нема докази!

Звучи шашаво, што би рекол еден потстанар на Водно, ама за жал, во овој случај и не функционира! Судот во соопштение објаснува дека два пати судењата биле одложени на барање на СЈО бидејќи вршеле увид во предметот! Да, ќе биде одложено и ова закажано за денешниов 2 март, бидејќи, човек треба да нема елементарно правно познавање па за да се нафати да води постапка без докази.

За оние помалку упатените, „Пуч“ беше преземен од Обвинителството за организиран криминал и корупција на крајот на 2015 година, а специјалните обвинители побараа увид и копија од доказите кои се наоѓаат во предметот. Од тогаш трае и натегањето, може или не може да се копираат списи и дали тоа е во согласност со членот 81 од ЗКП во услови кога доказите кои се во предметот се класифицирани од друг орган, па затоа судот не ги издава.

Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ