СВАРОВСКИ СУДСТВОТО СЕ ПРЕТЕРА СО СЛУЖЕЊЕ НА МАФИЈАТА И КРИМИНАЛЦИТЕ – ОБВИНЕТА ВЧЕРА ФАТИ ПРОЛИВ НА ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ, ДЕНЕСКА СЕ ПЕНЗИОНИРАШЕ ПОРОТНИК И СУДЕЊЕТО НА КАНЧЕСКА ЗА МУЗЕЈОТ НА ВМРО СЕ ВРАТИ НА ПОЧЕТОК

0
1056

„Тендери“ во Основниот кривичен суд се влече скоро 4 години и тамам дојде до завршни зборови и до пресуда, се разболе една од обвинетите додека се пензионира поротникот. (Фото:СДК.МК)

Обвинетата во случајот „Тендери“ Јулијана Угриновска, која вчера фатила пролив и не дојде на завршните зборови, поради што судењето се одложи, може да здивне, зашто судењето се враќа на почеток.

Судскиот совет го разреши поротникот Митко Сандев, кој наврши 60 години. Комоцијата доаѓа и за ексминистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и за Лидија Лазарова-Цветковска, кои се исто така обвинети во овој предмет. Проливот ги закочи завршните зборови и купи време до пензионирањето на поротникот, т.е. до стопирањето на судењето и враќањето отпочеток, со нов поротник во советот.

Тендери“ и онака во Основниот кривичен суд се влече скоро 4 години, а е за незаконски јавни набавки при изградбата на Музејот на ВМРО.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Стевчо Донев.

Поради пензионирањето на поротникот, на почеток се враќаат и најголемиот предмет на поранешното СЈО „Титаник“, потоа „Талир 1“ и „Талир 2“ и „Топлик“.

За да биде комплетна сликата за успехот на судењата во Основниот кривичен суд по обвиненијата на СЈО поднесени до 30 јуни 2017 година, а и тие кои се поднесени неколку месеци потоа, треба да се спомене и враќањето на предметите на почеток поради разрешувањето на судијата Горан Бошевски.

Се враќаат назад и „Траекторија“ и „Талир 1“ кај што суди Бошевски.

Сите овие случаи се за висока корупција и за организиран криминал. Во секоја прилика и во секој извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ, беше укажувано дека мора овие случаи да се завршат, бидејќи е услов државата да добие позитивна оценка за владеење на правото.

Извор : СДК.МК