СВАРОВСКИ СУДСТВОТО ГО ШТИТИ МОЌНИКОТ ОД КИЧЕВО – СО МЕСЕЦИ СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА МИЛОШОСКИ ЗАКОЧЕН НИКАКО ДА ПОЧНЕ!!! КОЈ ГО ШТИТИ МИЛОШОСКИ?!

0
498

Со кого се пазари пратеникот на Вмро-дпмне Антонио Милошоски? Кој го штити старото кичевско крило од затвор? Серија одложувања на случајот „Моќник“, каде меѓу другите е обвинет и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.Рочиштето никако да се одржи со месеци.Причината наводно е болест на некој од обвинетите.

Но, судски извори за Мактел.мк брифираат дека моќниот Антонио Милошоски барал политички конецкии и врски во судските лавирнти за да се спаси себеси и неговиот татко од каква било затворска казна. Шпекулациите се дека токму судиката која го води случајот,Ленка Давиткова е блиска до Вмро-Дпмне, па оттаму и подршката за Милошоски.

Случајот Моќник се однесува на продажба на државен имот во село Ижишта, кој бил во сопственост на општината Македонски Брод, а го користела општина Пласница. Според обвинителството, имотот му бил продаден на таткото на Милошоски и била направена штета врз буџетот од 50 илјади евра.

Во случајот, меѓу другите, се осомничени Милошоски, неговиот татко, градоначалникот на општината Македонски Брод, поранешниот претседател на Лустрациската комисија, Томе Аџиев. Дали судот ќе ги прогласи за виновни за измама и злоупотреба на службената положба и овластување останува да се види. Следното рочишште е закажано за 01 октомври.

Извор : Мактел.Мк