САЈКОСКИ : РАСТЕ ПОДДРШКАТА ЗА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА, ПОВИКУВАМ НА ГОЛЕМО ЕДИНСТВО И МАСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ

0
65

Прес-конференција на Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5

Поддршка за нашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова од ден на ден расте. Се по голем број на граѓани ни приоѓаат и не поддржуваат, даваат силна поддршка. Победата ќе биде голема, победа ќе биде историска.
 
Денеска сме тука во Дебарца за да ја побараме и добиеме поддршката на граѓаните од оваа прекрасна општина, составена од многу живописни села и населени места. 
 
Затоа повикуваме на големо единство.
 
На единство кое ќе ја зголеми победата, единство кое ќе ја зголеми поддршката и единство кое ќе ни донесе претседател кој што може, знае, кој што сака да направи меѓународна поддршка да добиеме,  кое што сака да постигне внатрешно единство и кој што сака да имаме народ  да биде достоинствен и народ кој што како што ја почна да ја гради оваа држава, така да ја види периодот кој што следи.