Friday, March 21, 2025
11.8 C
Skopje

САШО ОРДАНОВСКИ БРУТАЛЕН КАКО И ОБИЧНО: Грујо овие денови политички ми личи на оние старите дртави коњи пред умирање што влечат запрежни коли на ромите собирачи на картон!

saso-ordanovski-540x329

Добриот коњ има сто маани. Лошиот само една.“

Оваа арапска поговорка, толку мудра колку што е длабока и долга врската меѓу Арапите и коњите, ми се гледа како згодна за опис на проблемот со кој се соочува Никола Груевски во тажната реалност во која сега се наоѓа: тој одамна не е коњ со сто маани. Технократската свежина и младоста од 2006 г., оптимизмот, големите ветувања и уште поголемите очекувања, грандиозните планови, големата поддршка и дома и од странство во почетните години од владеењето… – сето тоа денеска е заменето со средовечен замор на материјалот (нема веќе ни розови ни зелени маички што не сме ги виделе барем по трипати!), а економските и политичките идеи сега им се свежи колку и руменилото во образите на покојниот дедо Пантелија. Меѓународно се тотално изолирани, па ни слични на Субрата Рој повеќе ги нема да навратат, малку да се посмееме. Заглавени се во калта на сопствените криминали, на гнилите политички компромиси, во социјалната беда на народот, прекомбинирани во мафијашките комбинаторики. Десет години владеење. Не остана ни перде да го покрие срамот.

Всушност, Груевски не е ни лошиот коњ од арапската поговорка. Тој деновиве делува како издртавено кљусе што влече некоја од бедните ромски запреги низ центарот на Скопје, во потрага по купи-ден-помини преживувањето. Ова тешко поминува дури и како метафора.

Целата колумна на следниов линк.

ОВАА НЕДЕЛА

ОЈО ФОРМИРА ИСТРАЖНА ПОСТАПКА ПРОТИВ 27 ЛИЦА И ТРИ ФИРМИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе...

ОДРЕДЕН 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА БЕКТЕШИ И 12 ЛИЦА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Основниот суд во Кочани донесе решение со кое се...

МАТТО ДОНИРА 3,3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ

Стопанската комора на Македонија – Турција МАТТО и нејзините...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ