САШКО НИКОЛОВ : ГРАЃАНИТЕ НА НОВО СЕЛО КОНЕЧНО ЌЕ МОЖЕ ДА ДИШАТ СЛОБОДНО И ДА ЖИВЕАТ ВО ЧИСТА ОКОЛИНА

0
514
Граѓаните на Ново Село конечно ќе можат да дишат слободно и да живеат во чиста околина. Долгогодишниот проблем со големата колекторска цевка која пред повеќе од 40 години е поставена на стариот мост кон бањата Кежовица ќе биде заменета.

Денес заедно со Јп Исар, после неколку месеци истражување на пазарот за квалитетна промена на колекторската цевка, направивме план за во наредниот период комплетно да ја промениме.

Дополнително ќе ја анализираме и можноста за приклучување на канализациската мрежа на 15-те куќи кои сè уште не се приклучени. Набргу, првиот впечаток за секој посетител на Штип нема да бидат фекалиите кои истекуваа и непријатна миризба, туку културното наследство во најстарата населба во градот.
Ваш,

Градоначалник,
Д-р Сашко Николов