САШКО МИТОВСКИ ЌЕ ГАЗИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО ОКТОМВРИ КАКО НОВ И ИДЕН ТАТКО НА ГРАД КРИВА ПАЛАНКА

0
235

Драги мои кривопаланчани,

почитувани сограѓани,

Со особено задоволство, огромна чест и одговорност ја примив одлуката на Извршниот одбор на СДСМ, позитивно да биде потврдена мојата кандидатура и јас да бидам избран за кандидат за градоначалник на Општина Крива Паланка на престојните локални избори.

Изразувам голема благодарност за донесената одлука и истовремено на укажаната поддршка и доверба до Извршниот одбор на СДСМ, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и особено до генералниот секретар на СДСМ, нашиот сограѓанин, другарот Ljupcho Nikolovski .

Исто така изразувам голема благодарност до сите мои сограѓани за секојдневната поддршка во нашите директни и остварени контакти, комуникација и поддршка преку социјалните медиуми, од денот на поднесувањето на мојата кандидатура за кандидат за градоначалник се до денес до моментот на објавување на одлуката од страна на генералниот секретар, како и за добиените честитки до сега а по повод добиената кандидатура.

Преземајќи голема одговорност со влегување во најголемиот политички предизвик во мојот живот, со добиената ваша поддршка на престојните локални избори и заедничката победа на нив, сето мое досегашно искуство, капацитет, знаење и желба за работа ќе го ставам само во интерес на граѓаните и Општината Крива Паланка.
Истовремено Вашата поддршка и доверба ќе ми претставуваат голема должност и обврска да работам посветено, одговорно за уште поразвиена, помодерна и поурбанизирана Крива Паланка.

Крива Паланка секогаш во ❤️

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на град Крива Паланка од СДСМ, Сашко Митовски.