САШКО МИТОВСКИ ЌЕ БИДЕ ОДЛИЧЕН ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВА ПАЛАНКА – ВО НЕДЕЛНИОТ ПРЕКРАСЕН ДЕН САШКО ГИ ПОСЕТИ СЕЛАТА ОГУТ, МЕТЕЖЕВО И НЕРАВ И ПОСЕТА НА НОВОИЗГРАДЕНАТА ЦРКВА ЦВ.ИЛИЈА ВО СЕЛО ОГУТ

0
1593

Овој прекрасен неделен ден ги посетив селата Огут, Метежево и Нерав, уживав во прекрасната природа во овој наш убав крај и неодминливо, ја посетив и новоизградената црква Св.Илија во село Огут.

Задоволство е да си во овие места каде владее победничка атмосфера, помеѓу мештаните на Огут, Метежево, на победнички Нерав.

Досега овде се вложи многу во патната инфраструктура, а вложувањето во секој дел од општината ќе биде наш приоритет и во периодот што следува.

Нивната поддршка е мотив заедно да создаваме уште многу!

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Митовски.