Wednesday, March 26, 2025
11.8 C
Skopje

Саше Политико најавува камбек на екраните од 1-ви септември

Од први септември Саше Политико се враќа на малите екрани со дебатна емисија која ќе трае 3 часа! Замислено е емисијата во Скопје да се гледа на локална телевизија додека низ целата земја ќе се гледа на интернет преку стриминг. Оние кои ќе сакаат да ја гледаат емисијата на интернет ќе треба да се претплатат на Мактел по цена од 35 денари неделно.

Досега претплатата за Мактел беше 35 денари месечно, но решено е да се покачи цената за да може да се платат трошоците за големиот персонал и за да се платат кредитите кои се земени за купување на сценографија, камери, светла и техника која досега не е видена во продукцијата на тв емисии. Ќе има кранови, стеди кем камери (камери закачени на појас на камермани кои ќе одат низ студиото со цел доловување на дебатата за разлика од досегашиот застарен статички формат на снимањето на дебатите на македонските тв).

sashe-ivanovski

Ќе има и атрактивна сценографија која е замислена и направена по теркот на американските телевизии, со многу лцд дисплеи и неон светлечки позадини кои ќе помогнат дебатната емисија Политико да биде одличен тв продукт за кој ќе вреди да се плати 35 денари неделно по смс порака.

Во една емисија секој ден од 20 до 23 часот ќе има вкупно 10 гости кои ќе се менуваат на пултот за дебата, додека во исто време по телефон у скајп ќе бидат вклучени уште десетина гости, а ќе бидат вклучени и гледачи по тв и скајп да поставуваат прашања. Дневно ќе се обратовуаат околу десетина теми на денот, емисијата ќе биде три во едно, вести, плус дебата, плус интервјуа. Ќе се промовираат и книги, нови филмови, драми, настани од бизнисот, науката, уметноста, образованието и слично. Засега нема да има публика во студио, но се планира и тој потег како ќе тече емитувањето на емисијата

ОВАА НЕДЕЛА

ПУКАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ПРИЛЕП, СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ Е РАНЕТА ЕДНА СЛУЖБЕНИЧКА

Денес околу 14 часот вооружено лице упаднало во просториите...

ЗНМ: НЕПРИФАТЛИВА Е ХАЈКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ПРОТИВ НОВИНАРОТ АЛЕКСАНДАР МИТОВСКИ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на...

МАРКОВСКИ: ОДЗЕМАЊЕТО НА ТОЛКУ МНОГУ ЛИЦЕНЦИ Е ПОРАЗИТЕЛЕН ФАКТ

Вкупно 479 фирми за градежништво, урбанистичко планирање, проектирање и...

НИКОЛОСКИ: ЗАПОЧНУВАМЕ БОРБА ПРОТИВ АДМИНИСТРАТИВНАТА МАФИЈА

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја...

ЃОРЃИЕВСКИ: ВРЕМЕ Е ЗА ЦЕЛОСЕН СИСТЕМСКИ РЕСЕТ

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода,...

ФУДБАЛЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ГО ЗАПРЕА МЕЧОТ СО ВЕЛС ВО 59ТА МИНУТА ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ

Македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви...

ПРИВЕДЕН ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЕЈУП РУСТЕМИ И УШТЕ ТРИ ЛИЦА

Во полициска акција денеска приведени се поранешниот директор на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ